Најдобриот српски тенисер и светски шампион Новак Ѓоковиќ сподели серија фотографии и видеа од своите денови во Париз, покажувајќи уште еднаш дека покрај професионалните обврски знае како да најде време и за семејството.

На објавените снимки може да се види како ужива во прошетка низ улиците на француската престолнина заедно со својот син и ќерка, а во еден момент ја носи и во раце додека двајцата се смеат и забавуваат.

Освен семејната прошетка, тенисерот објави и фотографија од тренинг во фитнес сала, како заедно со децата работата на физичка подготовка.

Играат видеоигри, како и „тренираат“ во ритамот на Бангаранга.

Ѓоковиќ уште еднаш испрати јасна порака дека семејството и времето поминато со најблиските остануваат негов најголем приоритет, без разлика на спортските предизвици кои го очекуваат.
Погледнете ја целата галерија на фотографии и видеа:
