back to top
14.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

„НОВАЧЕ, ДАЛИ ЗНАЕШ ДЕКА ИСТОТО ТОА И МАКРОН ГО ПРАВИ“ Ѓоковиќ беше спореден со претседателот на Франција, следеше урнебесна реакција! Студиото експлодираше од смеа! 

Други наслови

Спонтаната реакција на Ѓоковиќ ги насмеа сите во студиото.

Новак Ѓоковиќ јавно откри дека има проблем што го следи со години – доцнењето!

Српскиот ас беше гостин во француска емисија, зборувајќи сосема опуштено на течен француски јазик, а потоа се случи момент кој ги насмеа сите во студиото.

Новак призна дека често доцни, но се обиде и да се оправда.

„Понекогаш имам проблем со доцнењето. Не доцнев денес, ми рекоа да дојдам во 7:30, пристигнав во 7:35. Па, пет минути горе-долу, тоа е прифатливо во Франција“, рече Ѓоковиќ со насмевка.

Сепак, вистинското шоу се создаде кога еден од гостите посочи дека и францускиот претседател Емануел Макрон , кој е познат по тоа што често доцни, го прави истото.

Новак беше изненаден, па праша со смеа:

„Сериозно? Во ред, тоа е комплимент или не?“

Кога доби одговор дека е така, Ѓоковиќ само кратко рече:

„Аха, тогаш е во ред!“

Публиката во студиото се расплака од смеа, а видеото брзо стана хит на социјалните мрежи. Многумина коментираа дека Новак уште еднаш покажа зошто луѓето го сакаат – поради неговата спонтаност, шарм и способност да се шегува за себе.

profimedia-1105134537.jpg
YouTube Video Thumbnail

Најнови вести