back to top
26.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Новиот директор на париската полиција го одби барањето на Лувр во музејот да се отвори полициска станица

Други наслови

Отворање на полициска станица во музејот побара претседателката на Лувр, Лоранс де Карс, по неодамнешната кражб на накит.

– Доколку тоа го направиме за Лувр, сите ќе бараа полициска станица, наведе Форе, додавајќи дека сака да ги фокусира напорите на зајакнување на безбедноста околу музејот, а не во него.

Неговиот став е во согласност со одлуката на министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, кој во неделата отфрли слично барање од раководството на музејот.

Форе посочи дека од почетокот на годината, полицијата интервенирала 1.080 пати во областа околу Лувр и дека музејот има 1.300 камери, иако „сите не се дигитални“.

На 19 октомври беше ограбен Лувр, при што крадците зедоа осум парчиња накит во вредност од 88 милиони евра.

Истрагата за кражбата продолжува, а притворот на двајцата осомничени треба наскоро да биде завршен. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести