back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Обвинителството отвори истрага против поранешниот директор на Царина, осомничен за злоупотреба на службена положба

Други наслови

Јавното обвинителство потврдува дека е покрената истрага против четири лица, меѓу кои и поранешниот директор на Царинската управа на РМ, Стефан Богоев.

Од JO велат дека осомничените се товарат за кривичните дела „Злоупотреба на постапката за јавен повик, Доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награди за незаконско влијание и Давање награди за незаконско влијание“.

„Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за спроведување истрага против четири лица – директорот и помошникот-директор на Царинската управа, раководител на правно лице и вработен во истиот субјект. Осомничените се товарат за кривичните дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, Доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за незаконско влијание и Давање награда за незаконско влијание.“

Постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година, осомничените манипулирале со постапката за доделување договори за јавни набавки за одржување на надворешна хигиена на гранични и терминални премини, при што со фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата, му овозможиле на правното лице да стекне противправна материјална корист во износ од 18.479.692 денари.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести