back to top
5.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Оброк што „ве крева на нозе“: Направете пилешка супа што ќе ви го смири желудникот

Други наслови

Денот по Нова Година, барате нешто лесно и освежително, а ништо не ве крева на нозе како топлата домашна пилешка супа, која го смирува желудникот и ви ја зголемува енергијата по напорната ноќ.Оваа едноставна супа е брза за подготовка, лесна, хранлива и совршена за мамурлак.

Состојки:

  • едно пилешко крилце или батак
  • еден мал компир
  • еден морков
  • малку целер
  • еден мал црвен кромид
  • една лажица масло или малку путер
  • сол, бибер, билки
  • мали тестенини за супа
  • магдонос

Подготовка:

Пржете го пилешкото кратко во малку масло или путер за да ја ослободи аромата. Додадете го исечканиот кромид, морковот, компирот и целерот и кратко пропржете сè заедно.

Истурете околу еден литар вода во тенџере, зачинете со сол, црн пипер и зеленчук. Гответе околу 30 до 40 минути додека месото и зеленчукот не омекнат. На крај, додадете една шака мали тестенини и гответе уште пет до седум минути. Посипете со сушен или свеж магдонос и послужете додека е топло.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести