back to top
16.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

ОБЈАВЕН Е БРОЈОТ НА МРТВИ ВО ВЕНЦЕЛА! Два разорни земјотреси се случија во интервал од 39 секунди – се стравува дека има многу повеќе жртви (ФОТО/ВИДЕО)

Други наслови

Два силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела во рок од 39 секунди еден од друг, додека властите предупредуваат дека бројот на жртви би можел да расте уште повеќе.

Во катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројни згради се урнаа во Каракас , додека два силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени се случија во временски период од само 39 секунди, со епицентар западно од главниот град.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денес објави дека најмалку 32 лица загинале во земјотресите , додека околу 700 лица се повредени . Таа додаде дека се очекува бројот на жртви да се зголеми, а некои локални медиуми проценуваат дека бројот на жртви би можел да достигне стотици.

Ве потсетуваме дека Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на градот Сан Фелипе и областа околу Хумара, западно од Каракас, во временски интервал од само 39 секунди, што предизвика уривање на згради во главниот град и голема паника кај населението.

Граѓаните во шок ги напуштија зградите што силно се нишаа, додека некои делови од градот останаа под облак од прашина, а сведоците опишаа сцени од урнати ѕидови низ кои внатрешноста на становите можеше да се види од улицата.

Претседателот на Венецуела прогласи вонредна состојба, аеродромот во Каракас беше затворен поради штети, а беа пријавени и неколку последователни потреси, додека спасувачките екипи во неколку области ги бараа закопаните и ја проценуваа големината на штетата, вклучувајќи информации за повредени и можни жртви што дојдоа од различни делови на земјата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести