back to top
14.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Објавен е конкурс за 300 нови војници, платата е над 30 илјади денари

Други наслови

Министерството за одбрана објави нов јавен конкурс за регрутирање на 300 професионални војници во служба на Армијата на Северна Македонија.

Според конкурсот, општите услови се да се биде државјанин на Република Македонија, да се биде полнолетно лице и да има посебна здравствена и физичка состојба, додека посебните услови се: да има завршено средно образование и да не е постар од 25 години на крајниот рок на огласот за регрутирање на професионални војници), како и сите други детали се наведени во јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана. Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го и денот на објавувањето.

Платата е од 30.552 денари па нагоре, со дополнителни 13.000 денари за надомест на трошоци за домување.

Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, да работат во служба на татковината и да бидат дел од Армијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести