По завршувањето на утринскиот дуел помеѓу Колумбија и Гана, познати се сите двојки од осминафиналето на Светското првенство.
Седум европски репрезентации, четири јужноамерикански, три северноамерикански и две африкански репрезентации ќе учествуваат во осминафиналето на Светското првенство.
Дуелите од оваа фаза започнуваат веќе вечерва со натпревар помеѓу еден од домаќините на турнирот, Канада против Мароко.
Сигурно, најгласниот дуел од осминафиналето ќе биде оној помеѓу Португалија и Шпанија, кој ќе се игра во понеделник во ударниот термин, наше време, со оглед на тоа што започнува во 21 часот.
Осминафиналето ќе се игра во текот на вкупно четири дена, а сите двојки за четвртфиналето ќе ги дознаеме во вторник навечер.
Парови за осминафиналето на Светското првенство:
Канада – Мароко (4. 7. во 19:00 часот)
Парагвај – Франција (4. 7. во 23:00 часот)
Бразил – Норвешка (5. 7. во 22:00 часот)
Мексико – Англија (6. 7. во 02:00)
Португалија – Шпанија (6. 7. во 21:00 часот)
САД – Белгија (7. 7. во 02:00 часот)
Аргентина – Египет (7. 7. во 18:00 часот)
Швајцарија – Колумбија (7. 7. во 22:00 часот)
