„Вејмо“ планира да воведе автономни роботакси, односно такси без возач, на улиците на Минхен до крајот на следната година.
Минхен ќе стане првиот град во Европската Унија што ќе обезбеди автономна такси услуга, а првите тест возења се очекува да започнат за неколку недели.
Прво, автомобилите ќе ја мапираат патната мрежа, а првично ќе ги возат обучени експерти за да го прилагодат системот за возење на специфичните карактеристики на локалниот сообраќај.
За последователното работење без возач, компанијата соработува со Германскиот федерален орган за моторен транспорт и надлежните федерални и локални власти за да ги добие потребните законски одобренија.

Германија веќе ги постави темелите за сообраќај без возачи во секојдневниот живот, со соодветно законодавство донесено во 2021 година.
Во соопштението, Waymo се повикува на богатото искуство од Соединетите Американски Држави, каде што услугата за превоз на патници во возила без возач моментално е достапна во 11 големи градови – Атланта, Остин, Далас, Хјустон, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо, Феникс, Сан Антонио и областа на заливот Сан Франциско.

Според компанијата, нивните возила поминале повеќе од 350 милиони километри без човечка контрола и направиле повеќе од 20 милиони платени патувања.
„Вејмо“ изјави дека системот „роботакси“ е значително побезбеден од оние со човечки возачи и дека, врз основа на податоците на
компанијата, има значително помалку несреќи со сериозни повреди
