Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, денес го посети Кичево за да изврши увид во работите во спортска сала.
Мицкоки беше примен од министерот Фатмир Лимани, кој исто така е од Кичево.
Мицкоски беше прашан од новинарите дали соработката со Фатмир Лимани продолжува и покрај фактот што тој нема добри односи со албанската партија на власт, ВЛЕН.
„Гледате ли дека господинот Лимани е со мене…“, одговори Мицкоски.
