back to top
5.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Од кој родител ја наследуваме интелигенцијата?

Други наслови

Научните истражувања конечно дојдоа до заклучок од кој родител ја наследуваме интелигенцијата, но важно е да се знае дека таа не зависи само од генетиката.

Според научните истражувања, интелигенцијата децата во голема мера ја наследуваат од нивните мајки, но таа не е под влијание само на гените. Емоционалната врска со мајката, како и нејзината љубов, играат клучна улога во развојот на мозокот.

Гените за интелигенција се наоѓаат на X хромозомот

Жените имаат два X хромозоми (XX), додека мажите имаат еден X и еден Y хромозом (XY). Како што објави YourTango, истражувањето на Универзитетот во Пекинг покажа дека гените одговорни за интелигенцијата се наоѓаат токму на X хромозомите . Бидејќи жените имаат два такви хромозоми, децата имаат поголема веројатност да наследат интелигенција од мајчината страна.

Истото истражување сугерира дека гените од Y-хромозомот на таткото придонесуваат повеќе за физичките карактеристики на детето. Иако овие експерименти биле спроведени на глувци , научниците пронашле и можна врска со луѓето. Имено, тие идентификувале клетки во шест делови од мозокот кои контролираат различни когнитивни функции, од навики во исхраната до меморија, и кои содржеле исклучиво гени на мајката или таткото.

Според „Psychology Spot“, глувците со дополнителна доза од гените на нивната мајка развиле поголеми глави и мозоци, но имале помали тела. Спротивно на тоа, оние со дополнителна доза од гените на нивниот татко имале помали мозоци и поголеми тела.

Важноста на мајчината љубов и поврзаност

Генетиката не е единствениот фактор што влијае на интелигенцијата на детето . Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон откриле дека сигурната емоционална врска и мајчината љубов се клучни за развојот на одредени делови од мозокот.

Како дел од седумгодишна студија, тие анализирале начинот на кој мајките се однесуваат кон своите деца .

Резултатите покажаа дека децата кои добивале емоционална поддршка и чии интелектуални и емоционални потреби биле задоволени до 13-годишна возраст имале 10 проценти поголем хипокампус од децата чии мајки биле емоционално дистанцирани. Хипокампусот е дел од мозокот поврзан со меморијата, учењето и реакцијата на стрес.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести