Британската амбасада, преку објава на социјалните мрежи, реагираше на написите во врска со прашањето дали Македонија и Обединетото Кралство постигнале договор за отворање кампови за мигранти во земјата.
Во објавата, амбасадата нагласува дека двете земји имаат стратешко партнерство фокусирано на продлабочување на економската и безбедносната соработка, како и дека соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот мигрантски криминал.
Британскиот амбасадор Метју Лосон во мај годинава негираше дека во земјата ќе бидат изградени кампови за мигранти и рече дека суштината на ова стратешко партнерство не е прифаќање на мигранти од Велика Британија, туку полициска соработка, борба против криминалните мрежи и споделување разузнавачки информации, изјави Лосон во тоа време.
