back to top
17.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Парадоксалниот случај на Криста Пајк – по обидот за егзекуција, лекарите се борат да го спасат нејзиниот живот

Други наслови

Криста Пајк, 50-годишната жена која е осудена на смрт во американската држава Тенеси, е во болница во критична состојба откако преживеа два последователни обиди за егзекуција со смртоносна инјекција.

Невообичаениот инцидент го натера гувернерот на Тенеси итно да ги суспендира сите закажани егзекуции до крајот на годината.

„Во моментов немаме многу информации за нејзината состојба, но знаеме дека е жива“, рече нејзиниот адвокат, Ренди Спајви. Одбраната сега бара смртната казна да се замени со друга казна, пишува Би-Би-Си .

Пајк беше осудена на смрт во 1996 година за убиството на 19-годишната Колин Слемер, злосторство што го извршила кога имала 18 години, заедно со нејзиното тогашно момче, Тадарил Шип.

Обидот за егзекуција се случи во среда, откако Врховниот суд на САД ги отфрли жалбите на одбраната во последен момент.

Според нејзиниот адвокат, тимот за егзекуција поминал околу еден час обидувајќи се да ја вметне интравенската линија. Тој рече дека изброил најмалку седум игли употребени само во левата рака на Пајк, од кои едната изгледала свиткана кога била извадена.

Иако ѝ биле инјектирани две дози од моќниот анестетик пентобарбитал, Пајк продолжила да дише.

Сведоците биле држени во темна просторија, зад затворена завеса, без информации за тоа што се случува. Потоа осудениот бил пренесен со амбулантно возило во болница. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести