back to top
3.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Песков ги откри деталите за односот меѓу Путин и Си! Одби да одговори на едно прашање, а тоа се однесува на двајца моќни луѓе!

Други наслови

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, одржуваат редовен контакт, „и директно и индиректно“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој го изјави ова како одговор на новинарско прашање дали Путин има намера да му пренесе порака на кинескиот претседател преку рускиот премиер Михаил Мишустин, кој наскоро ќе ја посети Кина, објави ТАСС.

Портпаролот на Кремљ одби да го коментира извештајот на „Фајненшл тајмс“ за наводното откажување на средбата меѓу рускиот и американскиот претседател.

„Во овој случај, можеме да се потпреме исклучиво на формулацијата на руското Министерство за надворешни работи и на американскиот Стејт департмент“, рече Песков , без да даде дополнителни детали.

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе одржи состанок со постојаните членови на Советот за безбедност, објави Песков.

– Претседателот планира да одржи состанок со постојаните членови на Советот за безбедност на средина од денот. Тој самиот ќе ја одреди темата на разговорот – изјави портпаролот на Кремљ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести