back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Петрова: Во Скопје нема политичка волја Бугарите да бидат вклучени во Уставот

Други наслови

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова вели дека во Скопје нема доволно политичка волја за спроведување на договореното во европскиот компромис од 2022 година и оценува дека конфронтацијата и антибугарската реторика само го оддалечуваат процесот на европска интеграција.

Во интервју за бугарскиот весник „Стандард“, Петрова се сеќава дека во 2022 година била дел од тимот што ја претставувал бугарската позиција пред Европската Унија и вели дека Софија успеала да ги убеди своите европски партнери да ја прифатат таа позиција.


„Европскиот компромис од 2022 година беше голем успех бидејќи беше поддржан од јасен меѓуинституционален консензус во Бугарија“, изјави Петрова.

Таа додаде дека постигнувањето таков консензус било тешко и дека, според неа, тоа му давало на договорот дополнителна тежина.

Петрова тврди дека Бугарија не ѝ наметнува нови услови на Македонија и не бара ништо надвор од веќе воспоставената европска рамка. Според неа, довербата меѓу двете земји може да се изгради само преку исполнување на преземените обврски и конструктивен пристап кон решавање на отворените прашања.

Таа, исто така, ја критикува моменталната реторика во односите меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека конфронтацијата не ѝ помага на Македонија на патот кон Европската Унија, туку води кон губење време.

Во интервјуто, Петрова го споменува и случајот со Ива Михајлова, оценувајќи дека ставот на македонските власти во тој случај не остава простор за поголем оптимизам дека наскоро би можел да има посериозен напредок во односите меѓу двете земји.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести