back to top
9.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Питер Маѓар доби необичен подарок од премиерот на Пакистан: „Не ни даваат сите револвер“

Други наслови

Унгарскиот премиер Петер Маѓар сподели необичен подарок што го добил од Пакистан на својот профил на социјалната мрежа X, а патем на шега го спомена подарокот што сите делегации го добија од Турција по самитот на НАТО во Анкара.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подари револвер на сите учесници на самитот на НАТО во Анкара, а Маѓар го спомена ова кога сподели фотографија од подарокот што пристигна од Пакистан.

„Не секој ни дава револвер. Денес добив пријатно изненадување во мојата канцеларија. Добивме 90 манго од премиерот на Пакистан“, напиша Маѓар.

Како што дополнително објасни унгарскиот премиер, подарокот бил исклучително популарен во неговата канцеларија.

„Неколку часа подоцна, останаа само неколку. Ви благодарам“, рече Маѓар.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести