Ешли Греам го даде своето мислење за зголемената употреба на лекови за слабеење и ги истакна загриженостите во врска со движењето за позитивност на телото.
Плус-сајз моделот Ешли Греам зборуваше за зголемената употреба на популарни лекови за слабеење во неодамнешно интервју за „Мари Клер“ . Речиси и да нема човек во Холивуд кој барем не пробал еден , а има и такви кои отворено зборуваат за своите искуства.
Ешли е во втората категорија луѓе, таа е горда на својот изглед и сè што е поврзано со овој нов тренд го смета за доста обесхрабрувачко.

„Како некое време сè да одеше во насока на прифаќање. Акцентот беше ставен на тоа секој да има право да биде тоа што е и да се чувствува добро во сопствената кожа. А сега се враќа во сосема спротивна насока, што е како шлаканица за жените кои чувствуваа дека конечно имаат глас“, рече Ешли.
Сепак, моделот се надева дека ова е само минлив тренд, како и сè што се појавило претходно, и дека лековите за слабеење не можат да ги избришат жените со плус-сајз големина .

Ешли Греам никогаш не криела дека ѝ требало долго време да го засака и да се навикне на своето тело, особено по трите породувања што ги имаше.
„Живеам во различно тело и ми требаше време да го запознаам. Не можам да кажам дека мојата прва мисла кога ќе се погледнам во огледало е „Те сакам“. Но, се обидувам да го прифатам фактот дека повеќе нема да изгледам како жена во нејзините дваесетти години.
Таа жена е минато “, беше искрена Ешли.
