back to top
14.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Погледнете како бурните облаци брзаат од Атлантикот кон Европа: Овие делови ќе бидат затрупани од СНЕГ, ќе падне и до 1 метар

Други наслови

Во овој момент, силен циклон од Северниот Атлантик ги погоди Британските острови и носи обилни дождови и бурски ветрови.

Најсилното влијание на циклонот е врз Шкотска и Ирска, со налети на ветер слични на ураган од 120 км/ч, а се закануваат и поплави.Врнежи

Како дел од циклонот, се движи и многу изразен студен фронт, кој ќе донесе бурно време во северните и западните делови на Европа во петок.

Бурни налети на ветер и многу обилни врнежи од дожд се очекуваат низ Франција и земјите од Бенелукс, а обилни врнежи од снег ќе има и на југот од Скандинавија.

Германија исто така ќе биде на првата линија.

Фронтот ќе донесе посилно заладување на Алпите, каде што се очекуваат обилни дождови за време на викендот, а снег ќе врне во повисоките области.

Се очекува на западните и јужните падини на Алпите да наврнат повеќе од 200 литри дожд на квадратен метар, со ризик од поплави и порои.

Во исто време, во повисоките делови на Алпите ќе наврнат над половина метар снег, локално до 1 м, па затоа многу делови ќе бидат покриени со снег, со ризик од лавини.

Ова фронтално нарушување ќе донесе промена на времето и заладување во Србија на почетокот на следната недела.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести