25-тите Зимски олимписки игри беа официјално отворени синоќа во Милано и Кортина со спектакуларна церемонија, а подоцна и со палење на пламенот.
По програмата за отворање, која се состоеше од настапот на танчерите кои ја отворија церемонијата на Сан Сиро, видовме и точка наречена „Фантазија“, во која главната улога ја имаше италијанската актерка Матида Де Анџелис.
Недолго потоа, се одржа парада на сите учесници, односно претставување на земјите што ќе се натпреваруваат на овие Олимписки игри.
Делегацијата на Израел беше пречекана со свирежи при влегувањето на стадионот „Сан Сиро“, а треба да се додаде дека истото го стори и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.
Игрите ќе траат до 22 февруари, а ќе се одржат на десет арени во три региони во северна Италија.
