back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Погледнете ја реакцијата на Надал кога Ѓоковиќ го доби првиот сет против Алкараз: Камерата го фати Рафа на трибините

Други наслови

Како што претходно беше најавено, најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал дојде до финалето на Австралија Опен и го гледаше во живо натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и сонародникот Карлос Алкараз!

Надал, двократен победник на АО, го гледаше спектаклот на теренот од првиот ред, а во еден момент на снимката се гледа како реагира на победата на Ѓоковиќ во првиот сет.

Србинот го доби првиот сет со резултат од 6:2, со два брејка, по што Надал аплаудираше за одличната игра на Новак.

Инаку, Рафа зборуваше и пред финалето, и во таа прилика рече:

– Ако Новак победи, ќе бидам среќен за него. Она што го прави во оваа фаза од кариерата е спектакуларно. Тој покажува голема страст за спортот. Сепак, ако треба да навивам некого, ќе го поддржам Карлос – рече Надал.

Погледнете ја реакцијата на Надал на победата на Нолет во првиот сет подолу:

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести