Јеменските бунтовници Хути денес објавија дека ги нападнале пумпните станици на саудискиот нафтовод и аеродромот во Ријад, а Саудиска Арабија сè уште официјално не го потврдила ова.
Коалицијата од арапски држави , предводена од Саудиска Арабија , претходно објави дека уништила два лансери за балистички ракети во главниот град на Јемен, Сана, вклучувајќи го и оној што бил употребен за лансирање ракета кон Ријад, објави Ал Џезира.
Коалицијата соопшти дека спровела воена операција „со цел неутрализирање на изворот на заканата “, по нападите на Хутите врз инфраструктурата во Саудиска Арабија и Јемен.
Во соопштение објавено на платформата X, коалицијата соопшти дека уништила пет тунели што ги користеле Хутите за складирање на балистички ракети и четири платформи за нивно лансирање.
Саудиска Арабија во неделата соопшти дека нејзиниот главен аеродром, „Крал Халид“ во Ријад, делумно
ги продолжил операциите на два терминала, и покрај новите закани од Хутите дека повторно ќе го нападнат.
Аеродромот беше суспендиран на 10 октомври по нападот за кој одговорност ја презедоа Хутите.
Во нападот загинаа 13 лица, а повеќе од 300 беа повредени, што го прави најсмртоносниот напад во Саудиска Арабија во повеќе од една деценија.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија претходно овој месец објави дека Хутите извршиле 20 напади врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ помеѓу 1 и 11 октомври .
