back to top
26.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Подготвен да го закачам рекетот на клин: „Ќе се пензионирам ако не ја освојам титулата до февруари“

Други наслови

Аргентинскиот тенисер – Федерико Корија, објави и испрати порака до јавноста.

Тој објави дека се повлекува од тенисот, доколку не освои трофеј на АТП турнејата до февруари следната година.

Откако ја забележа последната победа во јули, сега реши да си даде „рок“ и да се обиде да го даде својот максимум во тој момент, или ќе дојде до крајот на кариерата. Корија се огласи на социјалните мрежи, со цел евентуално да ја добие поддршката од публиката на ова патување:

– Ако не освојам турнир од сега до февруари, се повлекувам. Донесов одлука што многу ми значи. Сакам повторно да ја почувствувам таа страст, да дадам се од себе и да откријам колку далеку можам да стигнам. Затоа решив да го споделам овој предизвик со вас, бидејќи знам дека и вашата поддршка ќе биде дел од ова патување. Крајот сè уште не е напишан. Но, ќе се потрудам да го напишам на свој начин – напиша Корија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести