Дилета Леота не губи ниту една минута време, туку тренира напорно за да остане во форма, а воедно промовира и спортски облеки.
Таа ги комбинираше работата и задоволството, така што парите капеа во сите правци. Малку спортско новинарство, а можеби многу повеќе манекенство – облека и обувки од разни брендови. Кои успешно ги пласира на Инстаграм, каде што ја следат 9,2 милиони обожаватели.
Нов сет секси фотографии од сопругата на голманот на Шалке, Лорис Кариус, на оваа популарна социјална мрежа, каде што го промовира брендот Алојога, за многу кратко време донесе над 150.000 лајкови.
Нема сомнение дека сето ова носи добри пари, доволно за да се живее на висока нога на рутата Италија – Германија.
Таа работи во Италија и често патува во Германија за да го помине целото слободно време со семејството, бидејќи во бракот со Кариус има тригодишна ќерка по име Арија.
