back to top
9.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Познато времето и местото на погребување на генералот Ратко Младиќ

Други наслови

Комеморацијата по повод смртта на осудениот генерал на Главниот штаб на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, ќе се одржи во сабота, 5 септември, во Домот на Армијата во Белград, јавуваат медиумите.

Погребот е закажан за понеделник, 7 септември, на гробиштата Топчидер .

Комеморацијата ќе се одржи на 5 септември во 12:00 часот во Дом Војске, лоциран на улицата Браќе Југовиќа во Белград.

Телото на Ратко Младиќ ќе биде изложено во црквата „Свети Лука“ во Видиковац во понеделник, 7 септември, 
од 9 до 12:30 часот.

Погребот ќе започне во 12:35 часот, по што погребната поворка ќе се упати кон гробиштата Топчидер, каде што ќе биде погребан Ратко Младиќ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести