back to top
13.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Познат турски актер пронајден мртов во својот стан: Глумеше во популарната серија „Езел“

Други наслови

Познатиот турски актер Серхат Мустафа Килич беше пронајден мртов во својот дом во населбата Кагитане во Истанбул. Имаше 51 година.

Килич, кој публиката го памети по бројните улоги во популарните турски серии и филмови, беше пронајден без знаци на живот откако неколку дена не контактирал со своите најблиски.

Според турските медиуми, неговата девојка дошла во неговиот стан во населбата Нуртепе откако не можела да го контактира од четврток. Кога тој не се јавил на повиците ниту ја отворил вратата, таа влегла во станот и го нашла актерот како лежи неподвижен во дневната соба.

На местото на настанот набрзо пристигнале екипи на брзата помош и полицијата, а лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Полицијата започна истрага за да ги утврди сите околности на смртта. При првичниот преглед на телото, според некои турски медиуми, биле забележани модринки околу очите, како и на рацете и нозете.

Сепак, нема официјална потврда дека повредите се поврзани со смртта. Точната причина ќе се знае по обдукцијата и форензичките анализи.

Серхат Мустафа Килич е роден на 8 јули 1975 година во Анкара. Завршил театарски студии на Универзитетот Билкент, а во текот на својата кариера играл бројни улоги на телевизија, филм и театар.

На пошироката публика и е познат по сериите како „Езел“, „Сексенлер“, „Соз“ и „Курулуш: Осман“, додека глумеше и во филмовите „Веда“, „Киш Ујкусу“, „Нокта“ и „Мавзер“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести