back to top
16.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Полицијата го уапси Дејан Манасков во Охрид, осомничен за физички напад

Други наслови

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, беше суспендиран синоќа по натпреварот против Охрид.

Тој е осомничен дека физички го нападнал помошникот тренер на противничкиот тим Охрид, тим кој го победи Еурофарм Пелистер со резултат од 29:25.

„На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СПБ Охрид е приведен Д.М. (33), ракометар од Скопско, член на ракометниот клуб од Битолско. По завршувањето на ракометниот натпревар што се одржа во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, за време на меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А., помошник тренер на ракометниот клуб од Охрид.

„По целосното испитување на инцидентот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна тужба“, потврди за АИМ Стефан Димоски, портпарол на охридската полиција.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести