Историска заплена од страна на Царинската управа на Македонија – на граничниот премин Табановце, околу половина милион евра беа пронајдени и запленети во минибус, скриени во специјално изграден бункер во возилото.
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, информираше дека девизите се откриени со помош на скенер, кој покажал модификации на минибусот.
„Девизата и возилото се трајно одземени, додека сторителот е државјанин на Албанија. За случајот е издадена судска одлука од Основниот суд во Куманово. Минибусот е во сопственост на туристичка агенција од Албанија, а во него биле превезувани седум патници“, рече Николовски.
