Полска и Обединетото Кралство го потпишаа „Договорот од Нортолт“, нов билатерален договор насочен кон зајакнување на соработката во областа на одбраната и воената индустрија.
Според договорот, двете земји ќе соработуваат во развојот и производството на оружје од следната генерација, вклучувајќи системи за ракетна одбрана, беспилотни летала и ракети со среден дострел.
Исто така, предвидува зголемена воена интеракција, заеднички вежби и проширена индустриска соработка во одбранбениот сектор, пишува Ројтерс .
🇵🇱🇬🇧 Poland and Britain unite against Putin: new defence pact signed
— NEXTA (@nexta_tv) May 27, 2026
London and Warsaw have agreed to jointly develop military technologies and strengthen air defence cooperation.
A major part of the deal also focuses on cybersecurity. Due to its key role in supplying military… pic.twitter.com/hLqce0iWy3
Договорот, исто така, вклучува меѓусебни обврски кои имаат за цел да ги надополнат, но не и да ги заменат постојните обврски во рамките на НАТО.
Овој договор следи по слични иницијативи на Лондон со Франција и Германија, како и по договорот на Полска со Франција потпишан во 2025 година, што покажува тренд на зголемување на воената соработка меѓу големите европски сили.
Безбедносните аналитичари проценуваат дека водечките воени земји во Европа сè повеќе ја зајакнуваат својата координација како одговор на новите безбедносни предизвици на континентот.
