back to top
15.8 C
Skopje
сабота, 26 септември , 2026

Поплави во Јапонија: Најмалку осум лица загинаа во невидени дождови, илјадници се заробени на аеродромот

Други наслови

Најмалку осум лица ги загубија животите во историските и рекордни дождови што ја опустошија источна Јапонија.

Бурата, која властите ја опишаа како „невидена“, остави илјадници патници блокирани на аеродромот Нарита во Токио.

Локалните власти во четврток издадоа петто ниво на предупредување за вонредна состојба, највисоко во историјата на земјата. Иако нивото на тревога беше намалено на четири степени до петок наутро, ризикот од лизгање на земјиштето и разорни поплави останува исклучително висок.

На повеќе од 100.000 домаќинства им е наредено да се евакуираат откако водата предизвика лизгање на земјиштето и ги прекина електричните мрежи. Сообраќајот е во застој, бројни железнички линии се суспендирани, а клучните автопати се затворени.

Јапонскиот јавен радиодифузен сервис НХК, новинската агенција Кјодо и весникот Асахи известуваат за најмалку осум смртни случаи. Меѓу жртвите е жена која се удавила во својот автомобил на поплавен пат и уште две други кои се струполиле на улицата и подоцна починале.

Чиба, која се граничи со Токио, регистрираше неверојатни 100 милиметри дожд за само еден час. Тоа е три пати повеќе од месечниот просек за август и најобилните врнежи од дожд некогаш регистрирани во земјата.

Што се однесува до воздушниот сообраќај, портпаролот на аеродромот Нарита потврди дека се очекува летовите да се вратат во нормала во текот на денот. Националниот авиопревозник „Јапан ерлајнс“ нагласи дека се можни доцнења, но дека не очекуваат откажувања.

Поплавите се случуваат во екот на она што метеоролозите го предвидуваат како невообичаено активна сезона на тајфуни. Јапонија, Филипините и Кина беа погодени еден по друг од бурите Долфин, Чан-Хом и Пеилоу.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести