Филипинската порно ѕвезда Маерн Смајлс финансираше изградба на училиште за 300 деца во нејзиниот роден град Себу, што предизвика дебата на социјалните мрежи.
Нејзината донација предизвика поделени реакции, особено поради потеклото на парите што се користеа за финансирање на проектот. Некои корисници на социјалните мрежи ја критикуваа врската помеѓу заработката од содржини за возрасни и образованието на децата. Други ја бранеа, наведувајќи дека ги користи парите за добра цел.
„Што очекувавме“, „Неморална личност им помага на деца“, „Ова е одвратно“, „Не гледам ништо спорно“, „Девојката има совршено добри намери“, се дел од коментарите.
Проектот има лично значење за Маерн бидејќи таа сакаше да биде наставничка. Таа предаваше англиски јазик на кинески студенти, но не можеше да оди на универзитет бидејќи нејзиното семејство немаше пари за нејзиното образование.
Во 2024 година, таа купила голема парцела земја во Себу за нешто повеќе од 28.000 долари. Првично планирала да го донира земјиштето на локалните власти за изградба на училиште, но се откажала откако, според нејзините тврдења, службениците ѝ рекле дека зградата не може да го носи името на нејзиниот татко.
Затоа таа одлучи сама да ја финансира изградбата. Главната зграда, наменета за околу 300 деца, сè уште е во изградба, но во 2025 година на локацијата се отвори помал центар за учење. Тој центар веќе работи и им обезбедува на локалните деца практични часови, вклучувајќи научни експерименти, часови по готвење и други активности.
