back to top
22.8 C
Skopje
понеделник, 28 септември , 2026

Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десет

Други наслови

Пациент од Скопско (70 години) е десеттата жртва на вирусот Западен Нил во Македонија.

Тој почина викендов на Инфективната клиника каде што лекарите се бореа за неговиот живот повеќе од еден месец, соопшти денес на прес-конференција директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана.

Досега се регистрирани вкупно 70 случаи на заразени со вирусот.

Вкупно 10 пациенти починале, девет од Скопско и еден од Куманово, претежно постари лица со повеќекратни коморбидитети.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести