back to top
13.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Предавството на Таравари: „Од бегство во Турција до договор со Мицкоски“

Други наслови

Зијадин Села упати остри критики кон својот поранешен соработник Арбен Таравари во интервјуто за емисијата Во Центар. Села тврди дека Таравари секогаш „ќутел и слушал“ на партиските состаноци, но работел зад грб. Тој потсетува на кризата од 2021 година, кога Таравари наводно се уплашил и избегал во Турција во моментот кога требало да се руши владата на СДСМ и ДУИ. Според Села, Таравари прифатил да биде претседателски кандидат на Мицкоски само за да им наштети на албанските гласови и да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ да оствари огромна разлика.

-Ме разочара затоа што јас го направив министер, градоначалник и претседател на партија кога никој не го сакаше. Го шетав во секој огранок и подогранок повикувајќи ги сите членови дека овој е мојот претседател и сите што верувате во мене треба да биде и ваш претседател. Господинот Таравари ми се заблагодари така што си замина преку политички дил со Мицковски и Мицковски знаеше повеќе што ќе се случи во партијата отколку што знаеше Зијадин Сеља кој ја имаше формирано таа партија. Цели две недели пред да се случи расцепот во алијансата за Албанците, Мицковски изјави јавно во едно интервју дека алијансата на Албанците ќе се подели на два блока. Тука не тврдам дека не беа и други актери помешани за да ја направат алијансата за Албанците тоа што ја направија.

Во 2021 година, кога се правеше новото мнозинство, тој се уплаши и избега во Турција дента кога исчезна Кастриот Реџепи.

И дојде она ситуација кога пратеник „исчезна“, една ужасна атмосфера да се чувствуваат граѓаните уплашени.Сега во таква ситуација Арбен Таравари ми вели ми вели мене пријатели јас утре ќе одам за Турција. Го гледам вака… Утре може ништо да не се случи, а може и сешто да се случи. Каков генерален секретар на партија си ти ако одиш во Турција, бидејќи се гледа дека се уплаши. Какво лидерство покажуваш со фактот дека ќе одиш во Турција, дека си бил уморен? На кого му ги продаваш овие приказни? Реков треба да седиш тука. Ама не, јас сум уморен, морам да се одморам. Реков немој да ми кажеш дека не се не сум ти рекол, ако сакаш да одиш, оди си. И за жал другиот ден тој си замина, го фатија на слика качувајќи се на скалите на аеродромот.

Таравари се нудеше како кандидат за претседател на Мицкоски за да му направи разлика на ВМРО против СДСМ кај македонските гласачи.

-Излегува една вест дека колата на Таравари е во гаражите на белата палата на ВМРО.

-Тоа е вистина ама уште ние не сме делени со Арбен Таравари. И тој се нуди како кандидат за претседател, бидејќи кога тој ќе излезе како кандидат за претседател ќе ги спречи Албанците да гласаат за Стево и овие ќе направат голема разлика како што и направија.

Целата емисија погледнете ја на следниот линк:

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести