Забрзаното воведување на вештачката интелигенција (ВИ) во бизнисот ги принудува многу постари канцелариски работници да избираат помеѓу усвојување нови алатки за ВИ и рано пензионирање, објави денес „Бизнис инсајдер“.
Според американскиот портал, членовите на генерацијата бејби-бумери и Генерацијата X, кои поминале низ технолошки промени во текот на нивните кариери, како што се ширењето на интернетот, дот-ком кризата и пандемијата на Ковид , сега се соочуваат со нов предизвик, прилагодувајќи се на работна средина во која вештачката интелигенција презема сè поголем број канцелариски работни места.
Според студијата на истражувачкиот центар Пју, алатките за вештачка интелигенција се значително позастапени кај помладите вработени отколку кај работниците над 50 години, но аналитичарите веруваат дека искуството и развиените професионални вештини на постарите работници претставуваат важна предност во транзицискиот период.
Во исто време, податоците покажуваат дека сè поголем број Американци го одложуваат пензионирањето од финансиски причини, додека приближно половина од вработените бејби-бумери веќе користат вештачка интелигенција во својата секојдневна работа .
Соговорниците на порталот наведуваат дека некои постари работници активно учат да користат вештачка интелигенција за да останат конкурентни на пазарот на трудот, додека други веруваат дека вложувањето труд во совладување на новите технологии кон крајот на нивната кариера не е оправдано и претпочитаат да планираат предвремено пензионирање.
Експертите предупредуваат дека оваа дилема ќе стане едно од клучните проблеми за постарите вработени во канцелариски занимања во наредните години.
