back to top
17.8 C
Skopje
четврток, 24 септември , 2026

Принцот Вилијам ја шокираше јавноста: Еве како реагираше на книгата за неговата мајка Дајана

Други наслови

Принцот Вилијам вчера го игнорираше прашањето на новинар за книгата на неговиот чичко Чарлс Спенсер, во која беа изнесени низа шокантни тврдења за кралското семејство.

Принцот од Велс го посети киното „АктУан“ во Лондон во обид да ја истакне британската филмска индустрија, но неговата  посета беше засенета од контроверзноста околу новата книга на Чарлс Спенсер „ Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“, која е веќе објавена.

Во книгата за која британската и светската јавност вреваат со денови, братот на Дијана изнесе шокантни тврдења, вклучувајќи ја и онаа дека кралот Чарлс рекол по смртта на Дијана : „Наскоро ќе ја заборавиме“ .

Ова предизвика вербална војна меѓу него и Бакингемската палата, која одговори во официјално соопштение дека „болката од братската тага може да го замагли умот“.

Додека Вилијам денес се качуваше по скалите на кино на Актон Хај Стрит, еден новинар го праша: „Господине, што мислите за книгата на вашиот чичко, дали ја прочитавте?“

Но, принцот го игнорирал прашањето и брзо влегол низ отворената влезна врата без да каже ни збор за книгата на неговиот чичко Чарлс Спеснер, објавува „Дејли меил“. 

Да ве потсетиме дека во мемоарите на братот на принцезата Дајана е опишан нејзиниот живот и проблематичниот брак со денешниот крал, а книгата содржи и шокантно тврдење дека монархот бил „воодушевен“ од веста за нејзината смрт. Според Спенсер, наследникот на престолот во тој настан видел можност да „се ожени со жената што ја сакал“ , Камила, денешна кралица.

Стара семејна фотографија од принцезата Дајана

Во вториот дел од книгата, тој ги опишува несогласувањата со Чарлс околу учеството на принцовите Вилијам и Хари во поворката зад ковчегот на нивната мајка за време на нејзиниот погреб. Спенсер, исто така, тврди дека Дијана размислувала да ја откаже свадбата откако открила нараквица што Чарлс ја купил за Камила. Тој, исто така, наведува дека принцезата, соочена со самоубиствени мисли , неколку пати се возела со автомобил до Бичи Хед, карпа на југот на Англија. Сепак, како што пишува, нејзината љубов кон нејзините синови „ја спречила да оди понатаму“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести