Полната Месечина (Жетвната Месечина) нè очекува на 26 септември во огнениот знак на Овен на 3-ти степен, и ќе има силно влијание врз Овен, Рак, Јарец и Вага.
Полната Месечина во Овен носи силна енергија, потреба за акција и желба конечно да се поместат работите од мртва точка. Нејзиниот ефект ќе се чувствува две недели, па затоа е важно поради влијанието на Овенот, во кој се наоѓа полната месечина , да не донесуваме одлуки на афективен начин.
Овој лунарен настан осветлува прашања за личната слобода, независноста и храброста да се залагаме за себе. Многумина ќе почувствуваат потреба да се откажат од она што ги оптоварува, да донесат одлука што ја одложувале долго време или јасно да покажат што сакаат.
Нетрпеливост и незадоволство
Енергијата на Овенот не сака чекање, па затоа во овој период можеме да бидеме понетрпеливи и подиректни од вообичаеното. Емоциите се силни, а потиснатото незадоволство може да се појави преку расправии, импулсивни реакции или ненадејни промени во плановите.
Сепак, полната Месечина ни дава можност да препознаеме што навистина нè движи и да ја насочиме нашата енергија во нешто корисно, наместо да ја трошиме на конфликти.
Храбри одлуки
Полната Месечина во Овен нè потсетува дека не мора секогаш да чекаме на вистинскиот момент за да го направиме првиот потег. Понекогаш е доволно да одлучиме што повеќе не сакаме и да се движиме во насока што ни го враќа чувството на контрола врз сопствениот живот.
Ова е време за храбри одлуки, но и за одговорност за нивните последици.
