back to top
7.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Путин вели дека Украина не сака крај на војната, Зеленски го тврди истото за Русија

Други наслови

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека Украина не брза да ја заврши војната по мирен пат.

Путин рече дека ако Украина не сака мирно да го реши конфликтот, Русија ќе ги постигне сите цели со сила.

Зборувајќи за бројните ноќни напади од страна на руски беспилотни летала, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија покажала желба да ја продолжи војната, додека Киев сака мир.

Се очекува дека во разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, Зеленски повторно ќе ги нагласи условите на Киев за мировни преговори.

Зеленски отфрла какво било предавање како дел од мирот што би ѝ бил наметнат според условите на Москва.

Според американскиот предлог, слободна економска зона би се воспоставила доколку украинските трупи се повлечат од делови од регионот Донецк, иако деталите сè уште не се разработени.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести