back to top
11.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Путин пристигна, и тие збеснаа 

Други наслови

Рускиот претседател Владимир Путин денес го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, кој е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, што го натера официјален Токио да реагира.

Патем, ова е прва посета на Путин на Курилските Острови.

Путин пристигна во Итуруп од Јужно-Сахалинск, каде во среда присуствуваше на последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота од ракетниот крстосувач „Варјаг“ , водечкиот брод на руската Тихоокеанска флота.

По вежбите, тој одржа состанок за безбедноста на источните граници на Русија.

Во Итуруп, Путин се сретна со гувернерот на Сахалинската област, Валериј Лимаренко, кој го информираше за мерките за поддршка на учесниците во руската воена операција во Украина и нивните семејства, како и за развојот на регионот.

За време на посетата, Путин го разгледа погонот за преработка на риба „Јасни“ и разговараше со локалните жители во Јужно-Сахалинск за, како што објавија руските агенции, временските услови и подготовките на децата за новата учебна година, а се фотографираше и со некои жители.

Јапонија поднесе протестна нота

Итуруп е еден од четирите јужни Курилски Острови на кои Јапонија полага право , а Токио ги нарекува Северни територии.

Островите се под советска, а потоа и руска контрола од крајот на Втората светска војна , а територијалниот спор околу нив со децении ги затегнува односите меѓу Русија и Јапонија.

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги изјави на социјалната мрежа X дека Јапонија „силно протестира“ поради посетата на Путин и оцени дека островите се „по својата природа јапонска територија, и историски и според меѓународното право“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести