back to top
4.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Радев со нов политички блок: „Прогресивна Бугарија“ влегува во изборна трка

Други наслови

Бугарскиот претседател Румен Радев ја регистрираше коалицијата „Прогресивна Бугарија“ во Централната изборна комисија за учество на парламентарните избори закажани за 19 април, јавуваат медиумите од Бугарија.

Коалицијата е претставена од Галаб Донев и Димитар Стојанов, а ја сочинуваат три политички субјекти – „Социјалдемократи“, „Социјалдемократска партија“ и „Движење на нашиот народ“.

Партијата „Социјалдемократи“ постои од 2000 година и ја предводи Елена Нонева, додека Социјалдемократската партија е основана во 1992 година, со лидер Тодор Барболов. „Движење на нашиот народ“, пак, се залага за развој на демократијата, пазарната економија и локалната самоуправа, а на негово чело е Атанас Калчев.

Во објава на социјалните мрежи, Радев истакна дека „Прогресивна Бугарија“ има за цел да одговори на очекувањата на граѓаните за надминување на коруптивните практики и изградба на модерна, демократска и европска држава

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести