Американската компанија „Антропик“ основа лабораторија за истражување на примената на вештачката интелигенција во биологијата.
„Антропик“ изгради лабораторија за физички експерименти во областа на заливот Сан Франциско, изјавија за „Ројтерс“ два извори запознаени со ова прашање.
Според еден извор, „Антропик“ сака да промовира како нивната вештачка интелигенција „Клод “ може да насочува роботски единици да изведуваат научни експерименти со ограничена човечка интервенција. Овој потег е мал чекор кон амбицијата на „Антропик“ да се справи со болестите за кои смета дека се занемарени од фармацевтската индустрија, рече еден од изворите.
Ерик Каудерер Абрамс , раководител на одделот за биолошки науки во Антропик, потврди дека постои лабораторија за биолошки истражувања.

– Тоа е апсолутно она што го правиме денес и би го опишал нашиот пристап како типичен за она што би го виделе во повеќето биотехнолошки компании, каде што има дел од она што го правиме во нашите сопствени капацитети, а дел од она на што соработуваме со надворешни партнери – рече Каудрер Абрамс.
Тој истакна дека „мисијата на компанијата е да развие моќна вештачка интелигенција на начин што ќе му користи на светот“.
– Убедливо, најголемата можност за тоа ја гледаме во природните науки, а тоа мотивира сè што правиме – рече Каудерер Абрамс.
