back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Рим и Берлин на нов фронт: „Нема да прифатиме никакви нелегални мигранти“

Други наслови

Во догледна иднина, Италија нема да прифаќа мигранти што Германија сака да ги врати кај неа, и покрај новите правила на Европската унија, изјави италијанскиот потпретседател Матео Салвини.

Салвини ја објасни својата одлука со дејствувањето на германските невладини организации кои спасуваат мигранти на бродови во Средоземното Море и ги носат во Италија , од каде што некои потоа одат во Германија .

Рим и Берлин не се согласуваат за третманот на секундарните мигранти , односно оние кои по влегувањето во ЕУ во една земја-членка, го продолжуваат своето патување кон друга.

„ Германија нема право да ни врати ниту еден нелегален мигрант сè додека бродови на германски невладини организации пловат по Медитеранот за да истоварат илјадници нелегални мигранти во Италија и Европа “, рече Салвини.

Салвини претходно зазеде особено строг став кон мигрантите кои пристигнуваат по море и организациите што им пружаат помош, за време на неговиот претходен мандат како министер за внатрешни работи.

Новиот пакт на Европската Унија за азил и миграција е во сила од средината на јуни. Врз основа на новите правила, Германија и другите земји сакаат да ги вратат во Италија мигрантите кои влегле во ЕУ преку италијанскиот брег.

Од стапувањето во сила на новиот пакт, Италија не прифатила ниту еден мигрант вратен од Германија . Според официјалните податоци, Италија одбила околу 80.000 барања од други земји за враќање на мигранти од 2023 година

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести