back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Рокас: Младите немаат места за забава освен казина и обложувалници, Владата мора да најде решение

Други наслови

Евроамбасадорот Михалис Рокас, за време на посетата на Општина Кичево, одблизу се запозна со предизвиците на овој регион, како што вели, во важен момент кога земјата се стреми кон ЕУ, потсетувајќи на бројот на проекти што се реализирале и се реализираат во оваа област со европски средства.

Кога новинарите го прашаа за недостатокот на атракции за младите луѓе во оваа земја, Рокас предложи ова да се реши колективно и со сеопфатен пристап. Во спротивно, бранот на миграција ќе се зголеми, вели тој.

„Вистина е дека ако младите немаат други опции, нема кина, нема спортски сали, нема место за забава, освен казина и обложувалници, мислам дека немаат друг избор освен да мигрираат, што е уште едно многу големо социјално прашање. Владата мора да работи на наоѓање решение, да одговори на ова. Европската Унија обезбедува мерки за младите. Исто така, се обидува да обезбеди квалитетно образование за младите. Европската Унија работи со Министерството за образование, со цел да подготви добри закони кои исто така ќе овозможат добри услови за образование. Тука имаме и ЕРАЗМУС +, тој исто така им помага на младите претприемачи да отворат разни START AP програми.“ – изјави европскиот амбасадор, Михалис Рокас.

Со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и општинскиот совет, дискусиите се фокусираа на придобивките од членството во ЕУ, како и влијанието на финансиската поддршка на Унијата во овој регион.

„Со самото свое присуство, г-динот Рокас ми донесе порака, а и ЕУ ни пренесува порака како нација, како држава, како општина, подадена рака за меѓусебна соработка, напредок во нашите односи, меѓусебна помош и подобрување на животот во нашата општина и воопшто во нашата земја.“, – нагласи градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Посетата на амбасадорот на ЕУ, Рокас, на Кичево е дел од иницијатива за информирање на јавноста, која има за цел да ги доближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Поради оваа причина, Рокас се сретна и со претставници на граѓанското општество и учествуваше во отворена дискусија со граѓаните на Кичево.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести