back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Рокас: Нема сомнение дека Македонија припаѓа на ЕУ, се надевам дека соседите ќе бидат конструктивни

Други наслови

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, денес изјави дека ЕУ е многу посветена на Северна Македонија да го започне процесот на преговори и дека нема сомнение дека припаѓаме на европското семејство, но осврнувајќи се на неодамнешната изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, дадена во Скопјe, тој рече дека договорените уставни измени од 2022 година мора да се спроведат. Сепак, изрази надеж дека „нашите соседи заедно со ЕУ ќе бидат многу конструктивни во наредните денови и месеци“.

„Како што знаете, претседателот на Европскиот совет беше тука и даде изјава и беше сосема јасна. Сите знаеме дека обврските преземени во 2022 година мора да се спроведат. Со ова, постои голема обврска за Северна Македонија да го започне процесот на преговори и нема сомнение дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме многу активно за да се исполнат потребните услови и да продолжиме напред. Најважно во меѓувреме е да имаме доверба и се надевам дека нашите соседи заедно со Европската Унија ќе бидат многу конструктивни во наредните денови и месеци“, изјави Рокас.

Шефот на делегацијата на ЕУ во земјата ја даде изјавата за време на паузата од 23-та конференција на COSAP – Конференција на парламентарни комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа – одговарајќи на новинарско прашање дали ЕУ има План Б за земјата, со оглед на ветото од нејзиниот источен сосед и уставните измени.

Рокас оцени дека главната порака на оваа конференција е пораката за единство, особено затоа што се одржува истовремено со самитот на Западен Балкан во Тиват, од кој има големи очекувања, особено имајќи го предвид заедничкото писмо од францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Мерц во врска со тоа како ќе го унапредиме и поедноставиме процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести