back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Роналдо без никаква скромност за вечната дебата: Најдобриот во историјата сум јас, точка

Други наслови

Кристијано Роналдо нема дилема кога станува збор за тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Во разговор со шпанскиот новинар Еду Агире, снимен во Ријад, Португалецот одговори без размислување и се истакна себеси.

Како главен аргумент, тој ги наведе бројките што ги постигнал за време на својата кариера.

„Најдобриот во историјата сум јас, точка. Бројките зборуваат сами за себе“, рече Роналдо.

Ова не е првпат Португалецот јавно да каже дека се смета себеси за најдобар, а слични ставови и претходно изразувал. Со години, дебатата за најдобриот играч на сите времиња се води главно меѓу него и Лионел Меси, а навивачите и експертите сè уште се поделени.

Роналдо зад себе има исклучително богата кариера, во која пет пати ја освои „Златната топка“ и исто толку пати Лигата на шампионите. Со португалската репрезентација го освои Европското првенство во 2016 година, како и две титули во Лигата на нации.

Токму врз ваквите резултати, но и врз рекордите за бројот на постигнати голови, Роналдо го гради своето тврдење дека нема рамен во историјата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести