Министерството за одбрана на Русија објави дијаграм на уништување на беспилотни летала на вооружените сили на Украина, кои, според министерството, „дејствувале во правец на резиденцијата на Владимир Путин“.
Дијаграмот покажува дека 41 беспилотно летало било соборено во самата Новгородска област, додека 49 биле во Брјанската област и уште едно во Смоленската област. Според руските изјави, целта на сите беспилотни летала била резиденцијата на Владимир Путин, што украинската страна категорично го негираше.
Руските канали на Телеграм споделуваат видео од соборувањето на еден од украинските дронови, за кој се вели дека бил насочен кон резиденцијата на Путин.
Министерството за одбрана на Русија наведува дека секое од лансираните беспилотни летала носел боева глава од шест килограми со високоексплозивно полнење.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше првиот што објави информации за наводниот напад врз резиденцијата на Путин. Според него, нападот се случил ноќта на 29 декември.
Сепак, Кремљ одби да достави какви било докази, тврдејќи дека сите беспилотни летала биле соборени од системи за воздушна одбрана. САД ветија дека ќе ги разгледаат разузнавачките податоци за нападот.
