Енергетската криза ја принуди Европската Унија да ги отвори своите „широко затворени очи“, изјави Кирил Дмитриев, специјален претставник на претседателот на Руската Федерација за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции.
„Енергетската криза отвора широко затворени очи“, рече Дмитриев во објава на социјалната мрежа X, коментирајќи напис во „Фајненшл тајмс“ за подготовките на ЕУ за потенцијални преговори со Русија, пренесува ТАСС .
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, вчера изјави дека лидерите на Европската унија подготвуваат потенцијални разговори со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека „постои потенцијал“ ЕУ да преговара со Путин и дека ЕУ има поддршка од украинскиот претседател Володимир Зеленски за тоа.
– Разговарам со 27-те лидери на земјите од ЕУ за да го видиме најдобриот начин да се организираме и да идентификуваме што ни е потребно за ефикасно да разговараме со Русија кога ќе дојде вистинскиот момент, рече Коста, објави „Фајненшл тајмс“.
Кошта додаде дека на самитот на лидерите на ЕУ минатиот месец, Зеленски побарал од лидерите „да бидат подготвени позитивно да придонесат во преговорите“.
