back to top
8.2 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Русија ја затвора славината: Нова забрана за извоз на гориво стапува на сила во август

Други наслови

Владата на Русија воведе нов привремен режим со кој се забранува извозот на одредени видови горива и усвои дополнителни мерки за зголемување на достапноста на нафтени деривати на домашниот пазар, објави руската влада.

Како што е наведено, со цел „да се одржи стабилна состојба на внатрешниот пазар на горива“, воведена е нова привремена забрана за извоз на бензин, дизел гориво, поморско гориво и гасно масло. 

Одлуката стапува на сила на 1 август 2026 година и важи до 31 јануари 2027 година, пренесува РИА Новости. 

Забраната за извоз на бензин беше продолжена за шест месеци, додека ограничувањето за извоз на дизел гориво беше продолжено со одредени исклучоци. 

„Од 1 септември, ограничувањата нема да важат за дизел гориво, поморско гориво и гасни масла што се извезуваат од територијата на Русија од директни производители“, се наведува во владиното соопштение. 

Исклучоци ќе важат и за испораките на гориво во рамките на меѓународните меѓувладини договори, како и за хуманитарна помош на странски земји врз основа на одлуките на руската влада. 

Во моментов, Русија има целосна забрана за извоз на бензин и дизел, вклучително и извоз од рафинерии, а оваа мерка истекува на 31 јули. 

Рускиот вицепремиер Александар Новак претходно изјави дека ограничувањата за извоз на дизел ќе бидат укинати „како што пазарот ќе се опорави“.  

Тој изјави дека извозот на дизел е важен за целосно искористување на капацитетите на руските рафинерии и спречување на вишок гориво на домашниот пазар. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести