back to top
7.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

САД привремено дозволија продажба на руска нафта!

Други наслови

Соединетите Американски Држави издадоа нова општа лиценца со која привремено се дозволува продажба на руска сурова нафта и нафтени производи натоварени на бродови до 11 април, беше објавено на веб-страницата на Министерството за финансии на САД.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, изјави за мрежата X дека мерката има за цел зачувување на стабилноста на глобалниот пазар на енергија и одржување на пониски цени на енергијата во време на зголемена нестабилност.

Според него, привременото овластување им овозможува на земјите да купуваат руска нафта што веќе е во транзит и моментално е на море, со цел да се зголеми достапноста на постојната понуда на светскиот пазар.

Бесент изјави дека станува збор за тесно ограничена и краткорочна мерка што се однесува само на нафта што веќе е испорачана, со проценка дека нема да донесе значителни финансиски придобивки за руската влада, бидејќи поголемиот дел од приходите од енергетскиот сектор се остваруваат преку даноци пресметани на местото на експлоатација.

Тој додаде дека енергетската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го доведе производството на нафта и гас во САД на рекордни нивоа, што придонесе за пониски цени на горивата за американските потрошувачи.

Бесент, исто така, оцени дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата е привремено нарушување на пазарот кое, како што наведе, би можело да донесе придобивки за американската економија на долг рок.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести