Македонската влада го назначи Сашо Клековски за директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОО) со мандат од четири години, со што се потврдува неговиот претходен ангажман во тој период како вршител на должноста директор.
Во својата објава на Фејсбук, Клековски нагласува дека назначувањето е голема чест, но и уште поголема одговорност.
Тој нагласува дека заедно со новоназначениот заменик-директор, Седат Бислими, ќе го водат фондот како важен столб на здравствениот систем во земјата.
„Им се заблагодарувам на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски, на министерот за здравство и на Управниот одбор на Фондот за нивната доверба и на сите вас за вашата поддршка! Продолжувам посветено да работам за подобрување на здравствениот систем. Пред нас е период на многу работа, силно темпо и видливи реформи“, нагласува Клековски.
