back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

СВР Тетово: Кривична пријава против две лица осомничени за посредување во проституција

Други наслови

СВР Тетово објавува дека поднесе кривична пријава против Г.Ш. (40) од село Бојане, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во проституција“ и против Г.Н. (60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

„Обвинетиот Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќа на второобвинетиот, давал сексуални услуги. Додека Г.Н. намерно и свесно му помагал на првообвинетиот во давањето услуги, со тоа што ги ставал на располагање помошните простории од неговата куќа“, велат од МВР.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести