back to top
13.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

СДСМ: Македонија станува земја од „третиот свет“

Други наслови

Од СДСМ велат дека одлуката на Соединетите Американски Држави да ги суспендираат визите за македонските граѓани не е „техничка пауза“, туку предупредување.
„Стануваме земја од третиот свет. Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат до изолација и губење на довербата кај стратешките партнери“, се вели во соопштението на СДСМ.
Според нив, оваа влада спроведува антиамерикански активности со соработниците на Мицкоски како што е Стоилковиќ, кој има директни врски со Москва.
„Ние сме сведоци и на кампањата против ЕУ. Наместо реформи, намерно се провоцира опозицијата на Грција и Бугарија, се отвораат прашања повторно со единствена цел да се оправда изолацијата“, се вели во соопштението на СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести